Насловна / Архитектура / Студентите денес повторно ќе предаваат за ГТЦ

Студентите денес повторно ќе предаваат за ГТЦ

studenti-gtc-10

Поради покажаниот интерес на првата интерактивна настава, студентите од Архитектонскиот факултет, во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, ќе организираат и втора прошетка низ Градскиот трговски центар која ќе има цел да ги запознае граѓаните со културните и архитектонските вредности на овој култен градски објект.

Прошетката ќе се одвива денес со почеток во 18 часот, а збирно место повторно ќе биде пред платото на ГТЦ од страната на паркот Жена – Борец. На прошетката може да дојде секој заинтересиран граѓанин и низ интерактивна настава да дознае нешто повеќе за културното наследство на нашиот град, кое ГТЦ го чува веќе четири децении.

За сите останати активности и настани кои ќе се одвиваат во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“ можете да се информирате на http://gosakamgtc.mk/kalendar/

studenti-gtc-05

Педесетина граѓани учествуваа на првата прошетка низ ГТЦ

На првата прошетка организирана минатиот четврток, студентите од Архитектонскиот факултет најнапред ги запознаа граѓаните со општествените и архитектонските вредности на ГТЦ, како и со неговата историја.

Студентите се осврнаа на идејното решение за ГТЦ, кое било победник на меѓународен конкурс а чиј автор е познатиот македонски архитект Живко Поповски. Понатаму, студентите, во своето предавање, ги потенцираа социјалните вредности кои со себе ги носи ГТЦ а се однесуваат на неговиот јавен карактер и отвореност за сите. За присутните граѓани особено беше интересно да се слушне за значењето и улогата на ГТЦ, за животот на градот во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

Студентите, исто така, ја објаснија улогата на пасажите на ГТЦ кои ги спојуваат сите главни точки во центарот на градот, но и како кејот на реката Вардар ја задржува силуетата на трговскиот центар. Граѓаните се запознаа и со историјата на петте кули кои се наоѓаат во рамките на трговскиот центар и на кој начин биле инкорпорирани во идејното решение на Живко Поповски.

studenti-gtc-01

Во предавањето за ГТЦ не беше изоставен ниту неговиот придонес за развојот на културата на градот, па во тој контекст, студентите потенцираа дека ГТЦ е дом на првото градско кино во Скопје. Прошетката заврши на терасите на ГТЦ кои „гледаат“ кон паркот Жена – Борец, а за кои студентите објаснија дека овозможуваат директно поврзување со зеленилото во паркот. На крајот, студентите го потенцираа уникатното решение за сообраќајот во долниот дел на трговскиот центар каде токму разделувањето на движењето на сите возила по принципот „никој не пречи никому“ е вистински израз на модерната, што го одликува Градскиот трговски центар.MER_9000

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top