Насловна / Вести / Србија прва во регионот: Крај на перењето пари преку изградба на станови?

Србија прва во регионот: Крај на перењето пари преку изградба на станови?

Министерката за градежништво на Република Србија Зорана Михајловиќ, потпиша спогодба со Управата за спречување на перење пари врз основа на документот на Владата на Србија „Проценка на ризици од перење пари и проценка на ризици од финансирање тероризам“, каде секторот градежништво е таргетиран како еден од потенцијално ризичните за перење пари. Со тоа, Србија стана првата земја во регионот која институционално ја регулира областа на градежништвото, и која на системски начин го решава проблемот на пласирање „валкани пари“ во овој сектор.

pranje novca1

„Препознавме дека ваква спогодба е неопходна како механизам со кој Министерството за градежништво редовно ќе ја информира Управата за евентуални сомнежи во рамките на работите од својата надлежност, како на пример издавањето градежни дозволи, инспекциски надзор, технички прием на објектите и сл., а вработените дополнително ќе ги обучиме да препознаваат вакви случаи“ истакнала Михајловиќ во својата изјава за медиумите.
pranje novca2

pranje novca3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top