Насловна / Вести / Србија: Новата гасна централа ТЕ – ТО Панчево, почнува со работа во март

Србија: Новата гасна централа ТЕ – ТО Панчево, почнува со работа во март

По завршувањето на пробната работа која сеуште е во тек, во март ќе биде и официјално пуштена во погон гасната термоцентрала – топлана (ТЕ- ТО) Панчево. Станува збор за постројка за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија. Оваа нова термоцентрала е лоцирана во близина на рафинеријата во Панчево, во нејзината изградба се вложени околу 170 милиони евра и ќе вработува 120 луѓе.

pancevo2

 

За реализацијата на проектот одговорна е компанијата „Газпром енергохолдинг Србија ТЕ-ТО Панчево доо“. Оваа компанија е формирана помеѓу групата „Газпром“ (со удел од 51%) и „НИС АД Нови САД“ (со удел од 49%). Инсталираната моќност e 200MW (вкупна инсталирана моќност на двете гасни и едната парна турбина), а изградбата била започната пред точно 3 години – во март 2019 година.

pancevo3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top