Насловна / Архитектура / Современа куќа од слама во Загорје

Современа куќа од слама во Загорје

Хрватското архитектонско студио Proarh изврши реновирање на куќа која оддава почит на традицијата на хрватскиот регион Загорје, користејќи локални материјали.

Старата селска куќа во Загорје е реновирана со комбинирање на модерни архитектонски елементи и оригинални карактеристики на планинските колиби, типични за традиционалната архитектура на областа.sovremena kuka vo hrvatska_10

За време на реновирањето користен е локален материјал, слама, како и услуги на мајстори од околните села кои куќата ја обновиле во согласност со правилата на традиционалните занаети.sovremena kuka vo hrvatska_01

Куќата, која се простира на три етажи (подрум, приземје и кат), на јужниот дел е изведена во стакло, низ коешто од внатрешноста се нуди прекрасен поглед на околната природа. Преку стаклените врати се излегува на пространа тераса, која се надвиснува над падината.sovremena kuka vo hrvatska_02

Специфичноста на објектот е користењето на слама, како на покривот така и на ѕидовите. Сламата е всушност архаичен и подзаборавен градежен материјал во овој регион, кој во минатото за исти цели многу се користел, пишува Designboom.sovremena kuka vo hrvatska_03

Бродскиот под кој е користен во внатрешноста продолжува и на терасата на објектот, и на тој начин, уште еднаш ги поврзува внатрешноста и надворешноста, односно ја отвора куќата кон околната природа.sovremena kuka vo hrvatska_04 sovremena kuka vo hrvatska_05 sovremena kuka vo hrvatska_07 sovremena kuka vo hrvatska_06 sovremena kuka vo hrvatska_08 sovremena kuka vo hrvatska_09

Испрати коментар

Scroll To Top