Насловна / Архитектура / Современ дом со интегрирана спирална градина

Современ дом со интегрирана спирална градина

По барање на клиентот, архитектонското студио 51-1 arquitectos проектирал „дом во градина“ со локација во Перу. На почетокот од проектот дошле до потешкотии во врска со поставувањето на градината: дали да постават огромна градина над куќата, со тоа што би имале дополнителни проблеми со нејзиното осветлување и ќе се спречат погледите од домот кон градината.

Поради тоа тие се решаваат за идеално решение: спирална градина која ќе „тече“ низ просторот, ќе овозможи погледи од секоја просторија и ќе овозможи позиционирање на базенот на најприкладно место. Со ова се добива совршена комбинација: максимум простор на куќата и максимум градина. Спиралната градина овозможува директен пристап од приземјето до третиот кат каде што е поставен базенот.

Две специфични енвиронменталистички карактеристики се задоволуваат со ваквиот тип на градина: прво, погодните временски услови кои придонесуваат за лесно одржување на градината, и второ, се озовможува природно осветлување на внатрешните простории без нивна дирекна изложеност на сонце.

 

спирална-градина-11 спирална-градина-10 спирална-градина-9 спирална-градина-8 спирална-градина-7 спирална-градина-6 спирална-градина-5 спирална-градина-4 спирална-градина-3 спирална-градина-2 спирална-градина-1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top