Насловна / Вести / Советување за законите за градење и за градежно земјиште

Советување за законите за градење и за градежно земјиште

gradeznici

Консултантската компанија АЦТ! организира  практично еднодневно советување на тема „Примена на Законот за градење и Законот за градежно земјиште и одредбите од Законот за спречување на корупција во предизборен период: осврт на проблеми од пракса и насоки за правилна примена на законите“.Советувањето ќе се одржи во семинарската сала во хотел Квинс (Т.Ц. Зебра), Скопје, во среда на 11 мај со почеток во 10:00 часот.

Предавачи на ова советување ќе бидат Димитар Димовски, државен советник за урбанистичко планирање во Министерство за транспорт и врски и Анета Јорданова, раководител на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, кои како практичари и компетентни предавачи за темите на советувањето ќе се осврнат на измените на Законот за градење во 2015 и 2016 година, осврт на целокупната постапка за издавање на е-одобрение за градба, измените на Законот за градежно земјиште и воведување на софтвер за градежно земјиште, осврт на усогласувањето на споменатите закони со новиот Законот за општа управна постапка и примена на одредбите од Законот за спречување на корупцијата во предизборен период при продажба и давање под закуп на градежно земјште и издавање на одобренија за градење. Значаен дел од советувањето ќе биде посветен на отворените прашања, одговори и дискусија во врска со Законот за градење, Законот за градежно земјиште и Законот за спречување на корупцијата (во предизборен период), како и новиот Закон за општа управна постапка во корелација со Законот за градење и Законот за градежно земјиште.

Пријавувањето за учество на еднодневното советување се врши најдоцна до понеделник, 9 мај, на телефон 02/3224-131 или на е-пошта: obuki@act.com.mk. На истите адреси може да се добијат одговори на сите дополнителни прашања или потребни информации во врска со  советувањето, кај лицето за контакт Јелена Цветковиќ.

фото:Нова Македонија

 

Испрати коментар

Scroll To Top