Радијаторите се загрeaни, воздухот е посув, а ваквите услови не се идеални за одгледување растенија во затворен простор.
Некои од нив реагираат лошо на непосредната близина на грејното тело и исушениот воздух. Како да го организирате вашиот зелен агол? Ви претставуваме растенија во затворен простор кои можат да се постават и во близина на радијатори.

„Неуништлива“ замија
Замијата е позната како растение кое не бара многу грижа. Не ѝ пречат суровите услови во природата или грејната сезона во вашиот дом.
Нејзините листови се дебели и месести, што ѝ овозможува да складира вода. Замијата толерира и сув воздух и топлина. Отпорна е на занемарување во грижата, прекини во наводнувањето и слабо осветлување. Поради сето ова, таа е идеален избор за место покрај радијатор.

Сансевиеријата не се плаши од радијатори
Сансеверијата често се споменува како едно од најиздржливите собни растенија. Отпорна е на речиси сите услови. Добро толерира слаба светлина и ниска влажност. Декоративните лисја акумулираат вода, па затоа можат да преживеат долги периоди без наводнување. Можете да ја поставите саксијата со сансевиерија до радијаторот, но редовно проверувајте го нејзиниот изглед и полевајте ја обилно доколку е потребно.

Аспидистра отпорна на сè
Карактеристичните лисја на ова растение растат директно од подземните корени. Аспидистра дури се нарекува и „железен лист“, па затоа ја обожаваат. Може да се постави до радијаторот, бидејќи е многу отпорна на суша. Не и претставува проблем и повремено прескокнување на наводнувањето и сув воздух. Аспидистра, исто така, толерира големи флуктуации на температурата, што може да се случи, на пример, при проветрување на просториите.

Каланхоња одлично поднесува суша
При одгледување на лаланхоња важно е умерено наводнување – вишокот вода брзо предизвикува гниење на коренот. Со оглед на способноста да складира влага, активниот радијатор нема да ѝ наштети.

Африканската темјанушка ужива во топлината
Ова е една од главните причини зошто ова растение често го поставуваме на прозорските даски. Покрај прекрасниот изглед, африканската темјанушка е многу отпорна. Иако изгледа кршлива, добро толерира топол и сув воздух. Важно е да не се наросуваат листовите, туку растението да се полева одоздола, бидејќи контактот на листовите со вода може брзо да ја уништи убавината на растението.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија