Загадувањето на воздухот претставува најголем поединечен еколошки ризик по здравјето на луѓето и секоја година е поврзано со речиси 7 милиони предвремени смртни случаи, покажуваат податоците на Светската задравствена организација (СЗО). Според СЗО, дури 89% од смртните случаи предизвикани од загадувањето, се во земјите со ниски и средни приходи, кои истовремено важат за најзагадени региони во светот.

Посебно загрижува податокот дека половина од смртните случаи во 2020 година биле поврзани со загадувањето на воздухот во затворен простор – најчесто поради греење на јаглен, дрво и биомаса. Најзагрозени биле жените и децата, вклучувајќи над 237.000 деца помали од 5 години. Најопасен загадувач се PM2.5 честичките, кои продираат длабоко во белите дробови и крвотокот, зголемувајќи го ризикот од срцеви заболувања, рак на белите дробови, астма и сл.

Стручњаците предупредуваат дека образецот е јасен: ефикасните мерки стпасуваат животи. Премин на чист транспорт, напуштање на фосилните енергенти, подобрување на вентилацијата во затворен простор и сл., може значително да го намали бројот на предвремени смртни случаи и да го продолжи животниот век на населението, но само доколку се реагира навреме.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија