Насловна / Архитектура / Со инвестиција од 100 милиони евра во Белград ќе се изгради ново место за шопинг

Со инвестиција од 100 милиони евра во Белград ќе се изгради ново место за шопинг

Според проектот на лондонското биро Design International, во близина на Ада Циганлија никнува нов трговски центар, кој ќе се вика Ада Мали. Овој модерно дизајниран објект од 90 000 квадрати ќе се истакнува со фасадни брисолеи и големи стаклени површини и зазеленити катни тераси.

За разлика од другите трговски центри, Ада Мали, судејќи според визуализациите што може да се видат подолу, треба да изгледа „потопол и поприроден“.ада мали_2

Со користењето на декоративни тули, дрвени елементи, плочки кои имитираат дрвена текстура, но и зеленило, ентериерот на овој шопинг центар ќе изгледа „домаќински“, што, се разбира, е целта на инвеститорот, односно да ги задржи купувачите што подолго во Ада Мали.ада мали_1

Особено интересна е дрвената текстура во централниот атриум, која би требало да има и кружен екран за прикажување на реклами.ада мали_3

Во рамките на трговски центар треба да има и стебла од дрвја, кои треба ентериерот да го направат уште „поприроден“.ада мали_4 ада мали_5 ада мали_6 ада мали_7 ада мали_8

Испрати коментар

Scroll To Top