Насловна / Вести / Словенија инвестира 25 милиони евра во мрежа станици за полнење на електрични возила

Словенија инвестира 25 милиони евра во мрежа станици за полнење на електрични возила

Владата на Словенија соопштила дека се објавени два јавни повици за изградба на нова генерација на јавно достапни паркови за полнење на електрични автомобили, со што оваа земја во 2026 година влегува во важна фаза на развој на електромобилноста. Преку овие две прогграми ќе бидат обезбедени околу 25 милиони евра неповратни средства. Планираните вложувања ги опфаќаат клучните сообраќајни коридори на трансевропската европска мрежа TEN-T, но и подрачја во различни статистички региони во кои моментално недостасува адекватна инфраструктура за полнење на електрични возила.

Едната од програмите е насочена кон развој на инфраструктура со големи моќности долж главните сообраќајници. Проектите кои конкурираат за средства мора да предвидат најмалку пет места за полнење, при што е задолжително и место наменето за тешки возила. Моќноста на полначите треба да изнесува најмалку 150 kW за лесни возила, односно 350 kW за товарни.  Втората програма е фокусирана на развој на мрежа од полначи надвор од патниот TEN-T систем, со цел да се унапреди достапноста на инфраструктурата во помалите места и региони со помала густина на населеност, како и во подрачјата кои не се директно поврзани со главните сообраќајници. Оваа програма поддржува вложувања во AC полначи со моќност од 11 до 22 kW и DC полначи со моќност од 50 до 350 kW. Секој проект мора да опфати најмалку 10 места за полнење.

И двете програми имаат напредни барања во согласност со европското законодавство. Местата за полнење ќе мора да бидат дигитално поврзани, интероперабилни и способни за двонасочна комуникација со електроенергетската мрежа. Посебно внимание е посветено на корисничкото искуство – операторите ќе мораат да овозможат едноставно и транспарентно плаќање, повремено полнење без договор, како и редовно одржување на инфраструктурата најмалку пет години по завршувањето на проектот.

Испрати коментар

Scroll To Top