Насловна / Вести / Словенечката влада воведе забрана за поскапување на струјата и гасот, за одредени категории на потрошувачи

Словенечката влада воведе забрана за поскапување на струјата и гасот, за одредени категории на потрошувачи

Владата на Словенија донела Уредба со која од добавувачите на електрична енергија и природен гас се бара да добијат претходна согласност за зголемување на цените за одредени групи потрошувачи. Оваа мерка е временски ограничена на шест месеци и наменета е за спречување на ненадејни и несразмерни зголемувања на цените на енергентите во услови на зголемена неизвесност на енергетските пазари.

Според анализите на компанијата оператор на дистрибутивниот систем на Словенија, цените на електричната енергија до крајот на годината се очекува да бидат 40% повисоки во споредба со почетокот на војната. Имено, новата енергетска криза предизвиката со војната на САД и Израел против Иран, значително го ограничи транспортот на сирова нафта и ТПГ. Цените на природниот гас на европските берзи во еден момент беа 60% повисоки во однос на периодот пред почетикот на војната, додека моментално тој раст е само 25%. Гасот е важен во определувањето на цената на електричната енергија во Европа преку гасните електрани.

Уредбата предвидува дека добавувачите мора да добијат претходна согласност од владата пред било какво зголемување на малопродажните цени за одредени купувачи. Прописот се применува за домаќинствата, малите претпријатија и потрошувачката на електрична енергија во заедничките простории на станбените и деловните згради. На пазарот на природен гас, оваа мерка важи за домаќинствата, корисниците на заеднички системи за греење, основните социјални услуги, градинки, основни училишта, здравствени центри и некои мали претпријатија. Уредбата е на сила шест месеци, по кои владата повторно ќе ја процени ситуацијата. Претходно, владата на Словенија подготви и субвенции за енергетски интензивната индустрија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top