Насловна / Вести / Систем 88 – прозорецот на пасивна куќа станува стандард

Систем 88 – прозорецот на пасивна куќа станува стандард

Д-р Peter Mrosik, сопственик и директор на компанијата Profine Group, за новиот развој вели: „Темата одржливост има големо внимание ширум светот. Зголемените потреби за енергетска ефикасност, еко-пријателските решенија за мобилност, дигитализираните процеси на работа и интелигентните технологии на инсталации на згради, ни даваат поглед на светот на иднината. Како водечки производител на профили, и ние се соочуваме со овие предизвици. Со нашиот нов систем 88, нудиме интелигентно и одржливо решение. Тој нуди извонредно ефикасна топлотна изолација, елегантен е, дозволува големи стаклени површини и отвора извонредно конкурентни можности за нашите пазарни партнери, благодарение на модуларноста на елементите од системот. Овој систем од премиум сегменти е трендсетер во секоја смисла на тој збор“.001-29

Три брендови, еден систем  на платформско решение за брендовите KBE, KÖMMERLING и TROCAL, се состои од високо изолациски седумкоморен систем со среден дихтунг со околу 20 главни геометриски профили и заменува три претходно независни 88 мм системи на индивидуалните брендови. Дури и во стандардна конфигурација, нашиот нов систем дава извонредна Uf вредност од  0,95 W / (m2K). Она што го прави посебен е што, за разлика од сличните решенија, оваа вредност се постигнува и со метални зајакнувања за максимални величини на елементот и пошироко, дури и со профили во боја.

trocal-88-ht-aluclip-aussen-quarzgrau

TROCAL-88-HT-AluClip-aussen-quarzgrau

Со додатни изолатори може да постигне вредност Uf од 0,88 W / (m2K). Паралелно, фабричкиот напредок на изолираните профили proEnergyTec овозможува да се користат за додатна топлинска изолација. Меѓутоа, новата генерација профили не овозможува само импресивни енергетски перформанси, исто така е архитектонски напредна: стабилната конструкција ги прифаќа тројните стакла или ултрамодерните функционални застаклувања со дебелина на стаклениот пакет до 56 мм. Системот 88 овозможува големи прозорски површини за атрактивен дизајн на фасадите, додека истовремено дозволува извонредна звучна изолација со вредност до 48 dB (класа 5).trocal-88-ht-aussen-weiss

TROCAL-88-HT-aussen-weiss

Големите површини на прозорците, исто така, обезбедуваат соларни придобивки – особено во зимскиот период – што дополнително  ја намалува потрошувачката на енерија, а со тоа и емисијата на CO2. Нудиме ширина во дизајнот со класично бела боја, системите на профилот се нудат во 88 декор ламинати – од чисти бои до структури на дрво и металик бои. Купувачите можат да изберат две варијанти – избор со надворешен профил во боја а одвнатре со неутрално бела боја, или профил во боја од двете страни.

Но опциите на дизајнот не завршуваат тука. KBE 88, Kömmerling 88 i TROCAL 88, секој е достапен во три различни алуминиумски комбинации: со AluClip алуминиумска облога, со AluClip Pro функционална алуминиумска облога и со AddOn споено крило.trocal-88-md-addon-anthrazitgrau

TROCAL-88-MD-AddOn-anthrazitgrau

Истовремено, се разбира, Profine ја разви соодветната програма на влезни врати со 88 мм длабочина на вградување. Како и прозорците, така и вратите нудат импресивни резултати со извонредна топлотна изолација, широки можности на дизајнот и едноставна интеграција на елементи од системи за заштита од кражба. Новата 88 мм системска платформа, исто така нуди бројни предности во производството, бидејќи неговата севкупна компактибилност  со метални зајакнувања од системот  76, со застаклени лајсни и со дополнителни помошни профили, му допушта на производителот да управува со своето складиште економично и да одржува многу флексибилни производствени операции.

trocal-88-md-aluclip-gold

TROCAL-88-MD-AluClip-Gold

Д-р Mrosik тоа го резимира вака: „Со KBE 88, Kömmerling 88 i TROCAL 88, после многу успешното лансирање на системот 76, ние постојано го прошируваме својот асортиман на производи во премиум сегментот. Новата серија ги поставува стандардите на пазарот со своите перформанси, економичност и сестраност. Сигурен сум дека, заедно со нашите партнери од браншата на прозорци и врати, ќе имаме голем успех со нив. Бидејќи е невозможно да се избегне системот 88: тоа е прозорец на иднината“.

trocal-88-md-aluclip-pro-pet-lichtblau

TROCAL-88-MD-AluClip-Pro-pET-lichtblau

trocal-88-md-standard-golden-oak

TROCAL-88-MD-Standard-golden-oak

trocal-88-md-standard-kobaltblau

TROCAL-88-MD-Standard-kobaltblau

СИСТЕМСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Премиум систем со среден дихтунг со 88 мм длабочина на вградување

Погоден за пасивни куќи, за бели и прозорци во боја дури и во стандардна варијанта (како што е наведено во ift смерниците  WA-15/2)

Извонредни вредности на топлотна изолација со метални зајакнувања – за максималнa величина на крила:  Uf = 0,95 W/(m2K) Uw do 0,72 W/(m2K)

Топлотна изолација до Uf вредност од 0,88 W/(m2K) со додатни изолатори

Елегантен, совршено рамен дизајн за екстремно модерно тројно застаклување, функционални застаклувања или панели на влезна врата до 56 мм дебелина

Извонредна звучна изолација до 48 dB

Тест за заштита од кражба – до класа на отпор RC 2

Три варијанти за трендсетерска комбинација на материјали: AluClip, AluClip Pro и AddOn

Оптимизирана и ресурсно освестена употреба на материјали

Ламинати: структура на дрво, полна боја и металик бои или класична бела

Опции на ламинирање: избор надворешен ламиниран профил и според тоа внатре неутрално бел – или од двете страни ламиниран профил

 

Испрати коментар

Scroll To Top