Насловна / Архитектура / Шведска градинка со силуета на песочни дини покрај морето

Шведска градинка со силуета на песочни дини покрај морето

04

Проектирана од данската фирма Dorte Mandrup Arkitekter, оваа детска градинка во Шведска, облечена во дрвена обвивка, може да се пофали со една засебна типологија која тесно е поврзана со околниот крајбрежен пејзаж.

07
Локацијата се наоѓа на живописна плажа во близина на градот Хелсингборг. Објектот се одликува со храбри аголни форми кои асоцираат на соседните песочни дини.

10

Секој од четирите дневни центри обележани со подигнати кровови, содржат посебна просторија за различни старосни граници. Внатрешно, оваа група на простории визуелно е исцртана со полици од иверица, кои создаваат просторна конзистентност во дизајнот.

06 05

08

Големите прозорци обезбедуваат блиска релација со природниот амбиент, а истовремено и многу сончева светлина во ентериерот во текот на годината.

09
Во просторот меѓу градинката и училиштето е формирано игралиште, со што се создава заштитено подрачје на отворен тип на рекреација.

04 03 02 01

Испрати коментар

Scroll To Top