Насловна / Арт и дизајн / Што ќе ни донесат новите колекции на ИКЕА?

Што ќе ни донесат новите колекции на ИКЕА?

Конечно дознавме какви дизајнерски соработки следната година ќе донесе ИКЕА. Новите колекции на познатиот шведски производител на мебел ќе се појават со потпис на данскиот дизајнерски бренд HAY, но и со почитуваниот дизајнер Том Диксон.ikea_4

Иако во јавноста биле пуштени неколку „мамки“ фотографии од новите колекции, само за да се добие увид во тоа што ги чека заинтересираните, првичните реакции се повеќе од позитивни.ikea_1

Имено, ИКЕА и HAY ќе понудат колекции кои ќе се базираат на скандинавската естетика, јасни и чисти линии, светли тонови, но она што најмногу изненадува е редизајнот на препознатливите ИКЕА (сини и жолти) торби, кои сега доаѓаат во еден сосема нов изглед.ikea_3

Целта на овие соработки е да се „решат“ специфичните проблеми на модерното и урбаното уредување на ентериерот, да го подобрат, да донесат нешто ново и да помогнат во креирањето простории со јасни и практични и модерни елементи, кои ќе се вклопат во секој простор. Колекциите на Том Диксон во продавниците на ИКЕА ќе се појават во август 2017 година, додека HAY линијата се очекува во есен истата година.ikea_2

Испрати коментар

Scroll To Top