Насловна / Вести / Северното море како „резервоар“ за чиста енергија: договор за 100GW заедничка енергија на море

Северното море како „резервоар“ за чиста енергија: договор за 100GW заедничка енергија на море

Велика Британија и повеќе држави од ЕУ, договорија нова рамка на соработка со која сакаат да ја забрзаат изградбата на ветерни електрани на море и да ја зајакнат поврзаноста на електроенергетските системи на земјите околу Северно море. Спогодбата, наречена „Хамбуршка декларација“, потпишана е на 26-ти јануари на самитот во Хамбург, а целта е во наредните децении да се обезбеди 100GW капацитет преку заеднички прекугранични проекти за ветерна енергија на море.

Суштината на проектот е земјите од Северно море да развиваат не само поединечни ветерни паркови, туку дел од новите постројки и пратечката инфраструктура да се градат како заеднички проекти, со заедничко планирање и финансирање. Клучна новост во декларацијата се т.н. „хибридни офшор постројки“. Тоа се ветерни електрани на море кои не се поврзани само со една држава туку со повеќе земји. Покрај самите ветерни паркови, декларацијата го поттикнува и развојот на поврзани офшор мрежи – договори за прекугранични проекти за пренос на електрична енергија. Како конкретен чекор во оваа насока се наведува потпишувањето на изјави за намера на Велика Британија, Германија, Норвешка, Данска и Холандија.

Испрати коментар

Scroll To Top