Насловна / Архитектура / Седма годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС

Седма годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС

Пред нас е уште една Годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС. Веќе е седма по ред, а четврти пат по ред како Музејот на град Скопје ги отвора портите и ни ги става на располагање целокупните негови просторни можности. Што е она по кое ќе бидат запаметени семестрите на Академска 2015/2016 година?KPO_6139

Покрај притисоците кои секојдневието ги носеше, сепак успеавме да бидеме активни и разновидни. Она што ја одбележа минатата година беше соработката со Општина Дојран. Имено, студентите од повеќе генерации  од двата циклуса на студии, работеа на проекти за различни типови објекти и дизајни лоцирани во општината. Проектните програми беа структурирани во насока на задоволување на потребите како на локалното население, така и на бројните туристи кои го посетуваат ова наше познато езеро.KPO_6137

Соработката со раководните лица на општинската администрација, градоначалникот и колегите од одделението за урбанизам, помина во извонредна соработка и пријателска атмосфера. Со нивна помош е издаден и овој, седми по ред, каталог на нашата изложба за што сме им неизмерно благодарни. Благодарноста која ја  изразуваме пред се, се однесува на довербата која ни беше укажана од нивна страна, нашите студенти да работат на овие проблематики, кои пак за нас се вистински креативен предизвик.KPO_6121 KPO_6113

На изложбата, оваа година, и дадовме еден поинаков концепт и визуелен изглед, се одлучивме во првиот изложбен дел да креираме 16 изложбени паноа – призми на кои се претставени педесет специфични идејни архитектонски решенија и проекти, тематски конципирани за потребите на Дојран, изработени од студентите од сите академски години, од двата циклуса на студии.KPO_6102 KPO_6106 KPO_6111

Истите ќе бидат презентирани подоцна на изложба во Дојран, а проектите ќе бидат предадени на општината за нивна понатамошна реализација. Се подразбира дека бројот на проекти кои се реализирани е многу поголем, додека на изложбата се претставува само избор од 50 карактеристични решенија.

Во останатиот дел од музејот се поставени уште два концепти едниот е нашето учество на овогодинешната манифестација „Биста 2016“ и вториот концепт се директно поставени студентски проекти на еден хоризонтален објект и се однесуваат на другите предмети кои ја сочинуваат целокупната наставна програма на факултетот. Со овој приказ даваме пресек на целокупното работење во академската 2015/2016 година, а воедно и оваа година ја следевме зацртаната образовна политика нашата школа да биде општествено ангажирана и посветена на реалните проблеми на заедницата од аспект на урбанизам, архитектура, дизајн, екологија. Да напоменеме дека и оваа година како и сите изминати, нашата изложба во оформувањето исклучиво го следи концептот на користење на материјали за рециклирање и реупотреба, со помош на компанијата „Пакомак“.KPO_6124 KPO_6125

Веќе  традиционална е и посетата и соработката со Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во с. Злокуќани.  Во таа прилика, студентите од трета година својата завршна презентација на проектот за колективно домување – Домување во трето животно доба – ја имаа токму таму, а на предметниот наставник и на неговите соработници, во улога на комисија, им се придружија и корисниците на домот.KPO_6092 KPO_6099 KPO_6100

За да ја потенцираме потребата од директен контакт на студентите со локацијата и со корисниците работевме и надвор од академската средина. Студентите од трета година, на предметот Ентериер 2, работеа во просторот на Националната галерија „Мала станица“, а предметот на проектирање беше токму просторот на оваа институција. Со тоа тие работеа директно во просторот на нивната задача, и беа во контакт со вработените кои им беа извор на информации, како идни  директени корисници на новите решенија на работниот и комерцијален простор на институцијата. Квалитетен исчекор направивме со продлабочување на соработката со Архитектонскиот факултет на Техничкиот универзитет од Виена.

Студентите од вториот циклус на студии, и од Македонија и од Австрија, работеа на заеднички интернационален урбанистички проект. Предмет на истражување е градот Капраника, во близина на Рим, во Италија. За таа цел, студентите од двата факултета го  посетија  градот, ги истражуваа неговите урбани карактеристики во рамките на десетдневната работилница одржана од 06.04. до 16.04. 2016. Работилницата започна со стручна посета на Рим, како град кој врши константно и огромно влијание врз блиските населби. Резулатите од ваквата соработка ќе бидат предмет на посебна изложба, а ќе биде издадена и заедничка публикација.KPO_6090

Предавањата ги збогативме и со гостувања на визитинг професори и истакнати архитекти како домашни така и странски. На почетокот на октомври, 2015 година, работилница одржа проф. Боб Гидингс од Њукасл , наш веќе докажан колега и пријател. Гостин предавач беше и архитект Мароје Мрдуљаш, од Загреб, главен и одговорен уредник на познатато хрватско списание за архитектура „Орис“. Предавања одржаа и архитектите Мартин Пановски, Филип Караѓозовски и Перо Лазаровски од Скопје, споделувајќи ги  своите проектантски искуства со нашите студенти.

Оваа година беше и „БИМАС-овска“, на која во одделот БИСТА (Биенале на студентите по архитектура) нашиот факултет, исто така, зема учество. А се започнува, или завршува, со веќе традиционалната Меѓународна летна школа во Охрид. Минатата година, трета по ред, беше на тема „Бихејвиорологија“, на која ментори беа проф. Јошихару Цукамото, проф. Момојо Кајиџима и визитинг проф. Крешимир Рогина.KPO_6088

На крај, сакам да ја истакнам соработката со Музејот на град Скопје, затоа што и оваа Годишна изложба претставува наш заеднички проект, со што Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС се вбројува во активен учесник на културната сцена во нашиот град. Ја користиме оваа можност да се заблагодариме на раководството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, за поддршката и довербата која ни ја укажуваат оваа манифестација да се одржи во најдобар ред. И на крај сакаме да им се заблагодариме на сите колеги и студенти кои несебично работеа на дизајнот и изведбата на овогодишната изложба, и на сите останати за успешното реализирање на наставната програма и на оваа Академска 2015/2016 година.KPO_6085 KPO_6080 KPO_6082

Почитувани студенти, драги колеги, нека ни е честита Седмата годишна изложба на факултетот за архитектура и дизајн – ГИФАД 2016.KPO_6070 KPO_6075 KPO_6076 KPO_6078 KPO_6074 KPO_6066 KPO_6068 KPO_6064

Проф.д-р Мишко Ралев,

Декан на ФАД на УАКС

Испрати коментар

Scroll To Top