Насловна / Архитектура / Second Home во Лос Анџелес – нов кампус за пријатна работна средина

Second Home во Лос Анџелес – нов кампус за пријатна работна средина

Шпанската  фирма SelgasCano го претстави својот нов проект за Second Home во Лос Анџелес. Овој простран кампус кој го карактеризираат одвоени работни простори со јака жолта боја прекриени со бујни растенија, планиран е за Холивуд. Неговото отворање е закажано за септември оваа година. Second Home ќе биде првата локација на тлото на САД на британската компанија која обезбедува т.н co-working простор, односно деловен простор за креативци и претприемачи. Се очекува кампусот од 8,361 квадратни метри да биде понапреден во однос на претходните кои архитектите  José Selgas и Lucía Cano ги имаат изработено во склоп на истиот концепт. Првиот ваков објект е направен во источен Лондон, второт во Лисабон,  третиот во лондонскиот Holland Park. Кампусот ќе биде сместен во источниот холивудски кварт во Лос Анџелес и ќе опфаќа 60 еднокатни студија со овален облик за 250 компании.  Просторот помеѓу студијата ќе биде исполнет со околу 6500 растенија и 400 дрвја. Оваа компанија со своите проекти под насловот Second Home,настојува да го промовира здравјето и удобноста на работното место. Споредено со претходните три, ова ќе биде најамбициозната верзија на Second Home концептот. Комплексот ќе има и своја книжарница, сала з а200 луѓе, како и простори отворени за јавност, вклучувајќи ресторан и сали за културни настани. Локалните хуманитарни организации ќе можат да го користат комплексот бесплатно за своите настани и состаноци.

second2

second3

second4

second5

Испрати коментар

Scroll To Top