Насловна / Вести / Се загреваат дури и најдлабоките делови на океаните

Се загреваат дури и најдлабоките делови на океаните

Глобалното затоплување влијае и врз најдлабоките делови на океаните. Научниците од американската Национална управа за океани и атмосфера  (NOAA), благодарение на термометрите поставени во најдлабоките делови на јужниот Атлански океан, во текот на последната деценија забележале просечно зголемување на температурата од  0,02 степени Целзиусови. „Во изминатите неколку години, сите претпоставуваа дека длабочините на океаните мируваат. Не сме забележале промени. Но, секогаш кога ги проверуваме податоците заклучуваме дека океанот е посложен отколку што сме мислеле порано. Забележано е загревање кое може да биде последица на климатските промени со кои управува човекот, а поттикнати се од зголемените температура на површината на океаните“ рекол Крис Мејнен од NOAA. Неговиот тим ги мерел температурите од 2009 до 2019 година, со помош на сензори на морското дно на четири места во аргентинскиот басен покрај брегот на Уругвај. Еден од уредите за следење на температурата е поставен на длабочина од 4757 метри и покажал изненадувачки степен на варијабилност. Температурните записи од најдлабоките места укажале на јасен тренд на загревање во текот на периодот на набљудување.  На помали длабочини (од 1360 до 3535 метри), температурите осцилирале далеку повеќе отколку што очекувале научниците, и иако овие промени биле уште помали на поголеми длабочини, нивниот вкупен примерок одговара на тоа што се случува на површината на океанот. Се покажало дека водите на длабочина од 4540 метри се загреале од просечните 0,209 на 0,234 степени Целзиусови. Сеуште не е познато како овие промени ќе влијаат врз екосистемите или временските прилики на површината на океаните, а со оглед на огромната важност на океаните врз глобалниот климатски систем, ова секако не е добра новост.

NOAA1

NOAA2

NOAA3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top