Насловна / Архитектура / Се отвара можност „Порта Македонија“ да се урне

Се отвара можност „Порта Македонија“ да се урне

Министерството за култура ја тргнала заштитата на „Порта Македонија“ од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава. Со ова се отвора можноста за уривање на ова здание од „Скопје 2014“, кое узурпира јавен простор и е поставено на среде раскрсница меѓу улиците.

por

И во елаборатите за неколку споменици, дел од т.н. „Проект Скопје 2014“ кои ги изработи работна група формирана од Министерството за култура, координирана од професорот Мирослав Грчев, со кои се третираше и „Порта Македонија“ се вели дека објектот ги крши уставните одредби, крши повеќе закони, како  Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, Законот за буџет, за градење, за просторно и урбанистичко планирање, за јавни набавки итн.

por1

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во изјава за „Независен.мк“ вели дека со тргањето на заштитата на „Порта Македонија“ се отвора можност за нејзино отстранување од јавниот простор, но и додава дека крајниот збор за тоа дали ќе се урива овој објект го има Министерството за култура како нејзин инвеститор.

Од Секторот за урбанизам при Општина Центар, објаснуваат дека од Министерството за култура им бил испратен допис да се стопира ДУП „Мал ринг 1“ сè додека не се донесе анекс на конзерваторските основи.

pp

„Со тргањето на заштитата значи дека објектот нема никакво уметничко значење. Со тоа се создава можност за уривање, но планот не го дефинира тоа, туку со него нема да се дадат услови за развој на објектот, тој само ќе биде евидентиран како постојна состојба и нема да има никаква градежна парцела. Доколку се реши тој да се урне, во наредниот план нема воопшто да постои“, објаснуваат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

„Порта Македонија“ е впишана во Регистарот на недвижно културно наследство во август 2013 година, и тоа само една и пол година откако беше свечено пуштена во употреба од Никола Груевски во јануари 2012 година. Образложението за нејзината заштита е дека во неа било сместено движно културно наследство, а поради оваа причина заштитени беа и Музејот на ВМРО и Спомен куќата на Мајка Тереза.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top