Насловна / Вести / Сараево за прв пат ќе користи калциум хлорид за намалување на загадувањето на воздухот

Сараево за прв пат ќе користи калциум хлорид за намалување на загадувањето на воздухот

Кантонот Сараево оваа зима за прв пат ќе користи калциум хлорид за намалување на загадувањето на воздухот со цврсти честички. Во повеќе извештаи за загадувањето, Сараево е прогласено за еден од градовите со најлош квалитет на воздухот во светот.

Користењето на калциум хлоридот во „мокра постапка“ би можело да го намали присуството на цврстите честички во зимскиот период до 30%. Оваа мерка била предвидена во Планот интервентни мерки за намалување на загадувањето во кантонот Сараево, но досега не била реализирана. Извештајот на Програмата на Обединетите Нации за заштита на животната средина  (UNEP – United Nations Environment Programme) објавен во јуни годинава, покажува дека загадувањето на воздухот е одговoрно за еден од пет предвремени смртни случаи во 19 градови на Западен Балкан. Претходно, во март годинава, Greenpeаce соопшти дека БиХ и Македонија се најзагадените земји во Европа во 2018 година.

sarajevo_zag1

sarajevo_zag2

Испрати коментар

Scroll To Top