Насловна / Вести / Самостојна изложба на Душан Перчинков во „Остен“

Самостојна изложба на Душан Перчинков во „Остен“

percinkov osten

Душан Перчинков во галерија „Остен“ ќе се претстави со дел од негови наградени дела „Дизајн на некролог“ и циклус од пет цртежи, туш на хартија со наслов „Предел“.

„Дизајн на некролог“ е графичка мапа од шест листови, со која е добитник на Специјална награда од жири на Интернационалното биенале за графика Варна 2013 година. А цртежот „Предел 5“ е носител на Награда од жири за посебни уметнички достигнувања на ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје 2014.

Душан Перчинков (1939) е сликар, графичар и професор на Академијата за ликовни уметници во Скопје и еден од најавтентичните уметници во Македонија. Темелно ги истражува односите меѓу урбаниот и природниот свет. Неговите слики, графики и објекти ја третираат бојата од најниските до највисоките тонови.

Академија за ликовни уметности, оддел сликарство завршил во 1963 година во Белград и специјализирал на одделот сликарство во 1966 година на истата академија. Во периодот 1966 – 1969 година дејствува како слободен уметник и професор во основни училишта. Од 1972 година е асистент во кабинетот за ликовно образование при Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1980 година преоѓа на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи како професор по цртање и сликање. Перчинков со графика се занимава активно уште од 1973-та, додека од 1980 година почнува да се изразува и преку уметнички објекти.

Изложбата ќе биде отворена на 24-ти јули во 12 часот во галеријата „Остен“.

Испрати коментар

Scroll To Top