Насловна / Вести / Романците ќе добиваат надомест доколку по потреба ја намалуваат потрошувачката на струја

Романците ќе добиваат надомест доколку по потреба ја намалуваат потрошувачката на струја

Компаниите, но и домаќинствата во Романија ќе можат да учествуваат на пазарот на услуга за флексибилност, така што ќе ја намалуваат својата потрошувачка на електрична енергија по распоред во утврдениот ден однапред и за тоа би биле платени. Основната цел е дa се спречт исклучувања на струја во моментите на најголеми оптоварувања на преносната мрежа.

Романската Регулаторна управа за енергетика (ANRE) го објави нацртот на прописот кој ќе го овозможи овој механизам наречен услуга на флексибилност на потрошувачката.  Едно од основните начела на енергетската транзиција е демократизацијата односно зајакнување на улогата на малите учесници на пазарот. Најочигледниот пример е кога домаќинствата, институциите и малите компании произведуваат електрична енергија за свои потреби со помош на фотоволтаици и ја складираат во мали батериски системи. Овде станува збор за реакција, односно одзив на страната на потрошувачката. Романскиот оператор на системот за пренос  на електрична енергија Transelectrica, ќе може да ја нарача услугата за намалување на потрошувачката од учесниците на пазарот: големи компании, снабдувачи и агрегатори. Тие ќе се обврзат привремено да ја ограничат потрошувачката. Transelectrica ќе ја договара наведената услуга преку аукции кои ќе бидат организирани ден однапред. Според предложениот пропис, посредниците или агрегатори ќе мораат барем половина од приходите остварени на овој начин, да го префрлат на крајните корисници кои ја намалиле потрошувачката.

Во првата фаза овој механизам ќе ги опфати големите потрошувачи, како фабрики, малопродажни ланци, логистички системи и деловни згради. Тие ќе се пријавуваат доколку по потреба можат да ја намалат својата потрошувачка за по барем 500kWh. Домаќинствата би можеле во некој момент да се вклучат преку своите т.н агрегатори на флексибилноста. Важно е да се каже дека одзивот на потрошувачката – и зголемувањето и намалувањето, ги намалува трошоците за балансирање, а тие се пресликуваат на сметките за струја. Така сите се во добивка или барем не се во загуба. Нацртот на споменатиот извештај е на јавна расправа на 3-ти декември. Планот е пазарот на флексибилност да биде воспоставен напролет.

Испрати коментар

Scroll To Top