Насловна / Вести / Реконструкција на градскиот кеј во Охрид

Реконструкција на градскиот кеј во Охрид

rekonstrukcija kej vo ohrid

Охридската локална самоуправа најави реконструкција на градскиот кеј на Охридското Езеро. Проектот за идниот изглед на градското шеталиште ќе го изработуваат општинските стручни служби, откако општинската комисија ги отфрли како мегаломански сите понудени идејни решенија.

Како што најави градоначалникот Никола Бакрачески, при изработката на проектот за идејното решение ќе се внимава да не се нарушува природниот екосистем на Охридско Езеро.

– Проектот за реконструкција на кејот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите, вели Бакрачески, појаснувајќи дека во тек е изработка на идејниот и основниот проект, и по неговото завршување, од што ќе произлезе и цената на таквото идејно решение, локалната самоуправа ќе излезе со конкретни рокови за тоа кога ќе отпочнат градежните активности.

Спроведената анализа од страна на стручните служби покажала нарушување на статиката на кејот, со оштетувања кои во иднина би претставувале опасност за минувачите.

Инаку, кејот на Охридското Езеро е изграден во 1928 година, а низ годините постепено е доградуван. Во 1941 година, кејот е холтикултурно уреден, додека неговата целосна изградба е завршена некаде во 50-тите години на минатиот век.

Испрати коментар

Scroll To Top