Инстаграм страницата l.ourens, која се занимава со патувања и рангирање на дестинации ширум светот, објави нова листа на најдобрите балкански престолнини. Редоследот веднаш предизвика внимание и бурни реакции на социјалните мрежи. Објавата собра стотици илјади прегледи, а коментарите на корисниците брзо се претворени во остри дебати за тоа кој град ја заслужува највисоката позиција.

Според нивниот избор, на првото место се наоѓа Сараево, кое е прогласено за најатрактивна престолнина на Балканот. На второто место е Букурешт, а потоа следуваат Белград, Љубљана, Атина, Софија, Загреб, Тирана и Приштина. Скопје е рангирано на претпоследното, десетто место и за малку го избегна епитетот „најгрда“ престолнина на регионот, а тоа е Подгорица како последно рангирана на оваа листа.
И додека едни го поддржуваат изборот, други коментираат дека одредени градови се потценети или преценети.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија