Насловна / Вести / Пуштена во употреба реконструираната улица „Орце Николов“

Пуштена во употреба реконструираната улица „Орце Николов“

orce nikolov rekonstruiranan

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска свечено ја пушти во употреба реконструираната улица „Орце Николов“, на потегот од булеварот „Св. Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“.

Вкупната реконструирана површина е 3600 м2, должината е 520 метри и широчина седум метри.

Поставени се нови шахти и поправени се оштетените ивичници. Цели 18 години овој дел на улицата не беше саниран и беше во многу лоша состојба. Граѓаните се жалеа дека ударните дупки го оневозможуваа нормалното одвивање на сообраќајот и беа потенцијална опасност за безбедноста.

orce nikolov rekonstruiranan (3)

И реконструкцијата на „Орце Николов“, како и сите досегашни проекти, во овие две и пол години во општина Центар, по доаѓањето на новото општинско раководство, се без ниту еден денар поддршка од централниот буџет, нешто што не е случај со другите општини.

На свеченоста присуствуаа вработени во општина Центар, дел од советниците и граѓани.orce nikolov rekonstruiranan (4)

Реконструираната улица „Орце Николов“ е дел од проектот „Работно Лето 2015“ на општина Центар, проект кој се реализира во соработка и договор со граѓаните.

orce nikolov rekonstruiranan (5)

Се реконструираат улици, водоводна мрежа, се прават паркови, се поставува зеленило, се реконструираат училишта и градинки, а она што е особено значајно е што, по цели 40 години во општината, со сопствени средства од општинскиот буџет, се гради новата, современа градинка „Кочо Рацин“.orce nikolov rekonstruiranan (2) orce nikolov rekonstruiranan (6)

Испрати коментар

Scroll To Top