Насловна / Вести / Први летови на Croatia Airlines со одржливо гориво

Први летови на Croatia Airlines со одржливо гориво

Croatia Airlines за прв пат реализираше летови со употреба на одржливо авионско гориво (sustainable aviation fuel – SAF), со што се подготвува за спроведување на законската регулатива која ќе важи од 2025 година. Croatia Airlines го користеле ова гориво во авионите Airbus 319 и Dash 8-Q400, за летовите од Загреб во Амстердам, Брисел, Копенхаген, Лондон и Цирих, како и домашните летови Загреб – Сплит, Загреб – Дубровник – Загреб и Загреб – Пула – Задар. SAF горивото се произведува од суровини кои задоволуваат критериуми на одржливоста и се меша со фосилно авионско гориво.

ЕУ пропиша од 2025 година аеродромите и снабдувачите со горива мора да обезбедат намалку 2% од авионското гориво да биде зелено, како и тој процент да се зголеми на шест проценти до 2030 година, 20% до 2035 и на 70% до 2050 година. Мерката се однесува на сите летови од ЕУ, без оглед на конечната дестинација.

Хрватскиот авиопревозник навел дека одржливото авиогориво за нивните летови ги обезбедила компанијата INA.

Испрати коментар

Scroll To Top