Насловна / Архитектура / Прва конференција за архитекти во Скопје – пријавете се!

Прва конференција за архитекти во Скопје – пријавете се!

Song Feng Cui Camellia Oil Factory, China

На 22 јуни 2017 година (четврток), во хотелот „Александар Палас“ (хала 3), „Винербергер“ и „Тондах“ ја организираат Првата конференција за архитекти во Скопје.

Трендови во архитектурата, што е тоа енергетска ефикасност, тулите во архитектурата, коси наспроти рамни покриви – ова се четирите главни теми на Првата конференција за архитекти во Скопје. Архитектите Мартин Пановски и проф. д-р Тодорка Самарџиоска од Македонија, како и Андрија Русан и доц. д-р сц. Бојан Миловановиќ од Хрватска, ќе имаат свои излагања на овие теми, кои се дел од секојдневните размислувања и предизвици на архитектите.

Конференцијата ќе биде одлична можност за сите активни архитекти да се запознаат со новитетите и трендовите кај енергетски ефикасните градби, оптимален материјал и систем, иновативни концепти и нови производи, а во рамки на конференцијата, присутните ќе имаат можност да ја погледнат и изложбата на архитектонски дела, добитници на престижната награда Brick Award.

„Винербергер“ и „Тондах“ – Македонија упатуваат отворена покана до сите заинтересирани архитекти да бидат дел од Првата конференција на архитекти во Скопје. Присуството е бесплатно, со претходно задолжително пријавување на: zvonko.kostadinov@tondach.com.mk

Агендата за целиот настан и дополнителни информации можете да најдете на: http://www.tondach.com.mk/

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top