Насловна / Вести / Прв нацрт предлог за климата пред конференцијата во Париз

Прв нацрт предлог за климата пред конференцијата во Париз

Termocentrala vo GB

Обединетите нации објавија прв нацрт од усогласен текст за климата пред конференцијата во Париз што ќе се одржи во декември.

Документот кој од првичните 90 странички сега има само 20, е важен чекор за понатамошни преговори за климата.

Претставниците на 195 држави би требало на седницата од 19 до 23 октомври во Бон да го разгледаат нацрт текстот. Во него се наведени долгорочни цели за намалување на емисиите на штетни гасови, но и за детали и рокови за кои допрва ќе се разговара.

Конференцијата во Париз за климата има абициозна цел – во овој век порастот на температурата ширум светот да се задржи на помалку од два степена Целзиусови.

Испрати коментар

Scroll To Top