Насловна / Арт и дизајн / Просторната инсталација на Марија Христовска Стевковска и Ѓорѓе Јовановиќ дел од фестивалот „Сигет“

Просторната инсталација на Марија Христовска Стевковска и Ѓорѓе Јовановиќ дел од фестивалот „Сигет“

Архитектката Марија Христовска Стевковска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ за овогодинешното јубилејно 25. издание на еден од најголемиоте европски музички фестивали, „Сигет“ во Будимпешта, изработија архитектонскo – скулптурална инсталација Pleasure letters (Букви за уживање).сигет1

Инсталацијата функционира и како уметничко дело и како дел од забавните содржини на фестивалот. Таа  претставува собиралиште на посетителите и вклучува различни содржини. Иницијалната идеја произлегува од користењето/играњето со буквите од името на фестивалот. Секоја буква е пресоздадена во објект/простор за различни активности:  одмор, дружење, интерактивно фотографирање, игра итн. Изработени се шест објекти со вкупна должина од 25 метри. Изработени се од различни материјали: метал, дрво, пластика, дигитални отпечатоци со цел да одговараат на различни намени.сигет2

Инсталацијата е дел од програмата на фестивалот Art of freedom која им овозможува на младите креативци да ги презентираат своите идеи и таленти.

Фестивалот се одржува од 9 до 16 август. Минатата година го посетиле околу половина милион посетители, а годинава главни ѕвезди на музичката програма се PJ Harvey, Rudimental, The Kills и многу други. Изминатите години и македонски музичари учествувале на фестивалот, а ова е прв пат македонски визуелни автори да добијат можност да се претстават во рамки на ликовната програма.сигет9

Проектот на Христовска Стевковска и Јовановиќ беше избран на конкурсот на фестивалот „Сигет“, во февруари. Буквите објекти се изработуваа изминатите неколку месеци во Скопје и Охрид со поддршка на фирмата специјализирана за изработки од метал „Урбана оаза“, фирмата за изработка на мебел „Форма“ и на студиото за печатење и графички услуги  ПроМедиа.сигет7

Испрати коментар

Scroll To Top