Насловна / Вести / Прошетка по „Улица љубов“

Прошетка по „Улица љубов“

vesela ulica

Во четврток, на 12 март, со почеток во 20 часот, во ликовната галерија при Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот уметник Ване Костуранов, насловена „Улица љубов“.

Постановката содржи дваесетина дела работени во техниката акрил на платно. Ќе бидат изложени куќи и цели улици, кои никнаа на платната последнава година. „Радост ми е што имам можност да ги споделам овие дела со скопската публика“, вели авторот Костуранов. vljubeni do neboto

Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров, кој вели: „Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом“.

Ване Костуранов е сликар, роден во 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство 15 години. Учествувал на повеќе групни изложби, а има реализирано и девет самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики отколку со зборови.

Испрати коментар

Scroll To Top