Насловна / Вести / Промотивна изложба во Охрид на младиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“

Промотивна изложба во Охрид на младиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“

Ejsi poster

Денес (17 април), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот, ќе се одржи првата промотивна изложба на производи од страна на младиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“.

Изложбата е од продажен карактер.

Сите љубители на модерен и алтернативен мебел ќе имаат можност во Охрид да се запознаат и лично да ги тестираат производите и пронајдат свое ново омилено парче за домот, дворот или канцеларијата.

„ЕЈСИ“ е нов дизајнерски бренд кој нуди алтернативни рачно изработени решенија на мебел, уникатни парчиња со повеќе функции и форми и акцент на естетиката, свежината и ергономичноста на производите.

Испрати коментар

Scroll To Top