Насловна / Вести / Проект за регулирање сообраќај во Црниче во еднонасочен правец

Проект за регулирање сообраќај во Црниче во еднонасочен правец

Општина Кисела Вода започна со реализација на проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населба Црниче. img_0727

Истиот има за цел растеретување на сообраќајниот метеж и подигнување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.Согласно проектот, ревидиран и одобрен од стручните служби при град Скопје и МВР, еднонасочни ќе бидат улиците Партение Зографски, Христо Узунов и дел од Серска, каде активностите се веќе завршени, а ќе бидат опфатени и улиците Жванска, Дамбени, Баница и  Наум Охридски.img_0722
Дополнително, согласно проектот, на овие улици веќе се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Активностите во насока на обезбедување на поголем ред во сообраќајот ќе бидат комплетно реализирани до крај на месецов. img_0718

Проектот е целосна инвестиција на општина Кисела Вода.img_0715 img_0714

Испрати коментар

Scroll To Top