Насловна / Вести / Проект на Мето Ангелов за уметноста и консумеризмот во „Мала станица“

Проект на Мето Ангелов за уметноста и консумеризмот во „Мала станица“

Во среда (25 мај), во 19.30 часот, ќе биде прикажан уметничкиот проект насловен „Релацијата на современата уметност и консумеризмот“ на Мето Ангелов, во Национална галерија на Македонија, односно во објектот „Мала станица“.pokana_AP2

„Во време на општествено-политичка криза, доба во која постојано се говори за дневни политики и во кое секој е најумен и секој знае сè, Мето Ангелов решава да ѝ се претстави на македонската јавност, по пауза од подолго време, со проект кој е вдахновен од дигиталниот нематеријален свет и консумеризмот, маркетиншката индустрија и друштвените мрежи како нешта кои единствено денес може да те направат среќен и задоволен, макар и за миг, и дури и вештачки. Ваквиот став на уметникот донекаде е точен, но во друга крајност, пак, мора да се постави прашањето: што е дигиталниот свет и што се друштвените мрежи и маркетингот ако не механизми и политики самоегзистирачки и често диктирани од вистински владејачки тела и позиции на капитал и моќ на глобално ниво? Со оваа констатација може да заклучам дека колку и да сакаме да избегаме од секојдневието, и тоа бегство е одговор и констатација на реалноста во која живееме“, пишува кураторот на изложбата Ана Франговска.
Ангелов дипломирал во 2001 година и магистрирал во 2004 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал повеќе самостојни изложби во Скопје, Прилеп, Охрид, Потенца (Италија), Неготино, Кавадарци и учествувал на групни изложби во Македонија и во странство – Франција, Италија, Германија, САД, Србија, Хрватска. Живее и работи во Неготино.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top