Насловна / Ентериери / Префинета лежалка од природни материјали

Префинета лежалка од природни материјали

lezalka vis a vis chaice_4
Совршено вклопувајќи ја леснотијата и цврстината, Vis a Vis Chaise е лежалка која е веднаш забележлива со својот луксузен дизајн. Со префинет и релаксирачки изглед, оваа лежалка која ѝ  пркоси на гравитацијата, едноставно фасцинира.

Лежалката е сместена на две шипки кои излегуваат од големо парче мермер, а самата е направена од природни материјали кои се рачно вплетени во челична рамка. Ова уметничко дело е креирано од страна на Enzo Berti и доаѓа во две верзии, со една или две лежалки.

Лежалката може да се употребува и во ентериер и на отворено, со тоа што верзијата за надворешна употреба е изработена од ПВЦ за да ги издржи временските услови. Нејзината шуплива рамка е многу лесна и приспособлива на сечии потреби.

lezalka vis a vis chaice_1 lezalka vis a vis chaice_3 lezalka vis a vis chaice_2

Испрати коментар

Scroll To Top