Насловна / Архитектура / Пред и потоа: Добар пример на реконструкција

Пред и потоа: Добар пример на реконструкција

Италијанската општина Фурнари е живописно опкружување кое содржи различни примери на мали станбени згради. Па така и оваа куќа, до неодамна девастирана, преку својот нов дизајн зборува за односот меѓу жителите и светлината.

2 (1)

Како што истакнуваат архитектите од торинското биро Bottega d’architettura, волуменот е моделиран како камен блок кој е исклесан на начин да ја открие формата на живеење, а притоа е задржана истата висина на објектот, отворите се на иста место… всушност се е исто – само архитектонски „скоцкано“ за 21. век.

1 (1)

Игра на сенки и нови геометриски форми

Архитектите се воделе од идејата дека масата треба да се издлаби на одредени места за да се овозможи проток на светлината и тоа во точките каде што се воспоставува дијалог меѓу внатрешноста и надворешноста, пишува Archello.

Со обликувањето на формата на куќата на начин сегментно одземање на ѕидовите, овозможена е игра помеѓу сенките и новите геометриски форми и заедно ја прават фасадата динамична.

3 (1)

Проектот е развиен од мала куќа во крајбрежното село Тонарела, која се претставува како волумен лишен од експресивни амбиции и конфигуриран на ист начин како и вообичаените домови на крајбрежните и рурални населби.

Куќата се наоѓа на границата меѓу населеното ткиво и отворениот, слободен простор на селото, каде локалниот систем на населбата повеќе не е препознатлив, бидејќи е компромитиран од низа интервенции кои го зафатиле нејзиниот примарен карактер.

4

Наместо тоа, реконфигурацијата на куќата започнува од идејата за зачувување на некои формални типолошки карактеристики, обидувајќи се да го смени поимањето на народниот јазик, кој често се сфаќа како лоша имитација на лажен историцизам.

9

Новата функција за гостопримство вклучува максимизирање на просторот со дистрибутивен систем во кој врската е сведена на најважните работи, за повторно да се открие односот со заедничкиот простор и со просторот во волуменот кој се наоѓа на кровот.

5 6 7

Испрати коментар

Scroll To Top