Насловна / Вести / Пожарите не стивнуваат во Македонија

Пожарите не стивнуваат во Македонија

Пожарите не стивнуваат. Гори на повеќе места низ Македонија. Од синоќа голем пожар е активен во атарот на Зелениково, а и повеќе од две недели во пламен е и Поречието.gori

Пожари од кои дел се активни има и на Чашка, Јакупица, и на подрачјето на Демир Капија. Според последните информации од Центарот за управување со кризи во Македонски Брод иако се под контрола се уште се активни пожарите во атарот на селата Брест, Могилец, Локвица каде гори сува трева, смрека, дабова шума.

Пожар има и во месноста Сува Гора и се шири кон населеното место Волче. Според ЦУК во гаснењето на пожарите се ангажирани армијата и јавното претпријатие македонски шуми, противпожарните екипи и месното население. На тешко пристапните подрачја во гасењето на пожарите се вклучени хеликоптерите на АРМ.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top