Насловна / Вести / Потпишан договор за изградба на фекална канализaција во Општина Арачиново

Потпишан договор за изградба на фекална канализaција во Општина Арачиново

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Садула Дураки потпиша договор со претставникот на Друштвото за градежништво, транспорт, трговија и услуги ЈУ-БАЈ од Скопје.1

Договорот се однесува  за  изведбени работи за изградба на дел од фекална канализација во с. Арачиново  кои ќе се реализираат согласно Основниот проект за фекална канализација во с. Арачиново, Општина Арачиново. Вредноста на договорот изнесува  околу 35 милиони денари.

Со проектот се предвидува изградба на примарна канализациона мрежа составена од 7 основни и 5 помошни краци со должина од 3030 метри од кои Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја реализира изградбата на  Крак 4 и Крак 7.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top