Насловна / Архитектура / Последното ремек-дело на Заха Хадид

Последното ремек-дело на Заха Хадид

Познатата архитектка Заха Хадид, го напушти овој свет на почетокот на оваа година, но нејзините легендарни ремек-дела се уште живеат.

Само пред неколку дена, еден од нејзините последни станбени проекти, 520 West 28th се наоѓа во Њујорк, стана достапен за купување. последно дело на заха хадид (23)

Оваа резиденцијална кула го има нејзиниот познат стил со заоблени линии и воздушести простории кои се затворени со стакло.

Главниот елемент на овој објект е врвниот пентхаус со пет спални соби и шест бањи, два приватни балкони и гломазна тераса. Пентхаусот зафаќа простор од три спрата од зградата, кои се поврзани со прекрасни, модерни скалила кои се клучниот дел од дизајнот на оваа резиденција.последно дело на заха хадид (14)

Пентхаусот има и две кујни, при што едната е во ентериерот, со мермерни работни површини и елегантни апарати, додека другата се наоѓа на тераса и претставува идеален простор за организирање на летни, вечерни забави. Меѓу другото, овој пентхаус има бар, библиотека, приватен лифт, високи тавани, и се разбира прозорци од подот до таванот.последно дело на заха хадид (13)

Неговата цена е 50 милиони евра.последно дело на заха хадид (15) последно дело на заха хадид (16) последно дело на заха хадид (17) последно дело на заха хадид (18) последно дело на заха хадид (19) последно дело на заха хадид (20) последно дело на заха хадид (21) последно дело на заха хадид (22)

Испрати коментар

Scroll To Top