Насловна / Вести / Поповолна состојбата во градежните фирми во третиот квартал

Поповолна состојбата во градежните фирми во третиот квартал

Gradezni rabotnici1

Во оценка за деловните тенденции во градежништвото во третиот квартал годинава раководителите на фирмите навеле дека очекуваат во наредните три месеци да се зголемат вкупните порачки (договори) за работа и бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според оценката на раководителите, индикаторот на доверба во третото  во однос на второто тримесечје од годинава е зголемен за 0,3 проценти, а за 1,8 проценти е зголемен споредено на третиот квартал лани.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2014 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолнa во споредба со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2015 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 20,3 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 20 проценти, недостигот на обучен кадар со 14,6 проценти и зголемените трошоци за труд со 14,3 проценти.

Испрати коментар

Scroll To Top