Насловна / Вести / Попладне 15-минутен прекин на сообраќајот кај Пресека

Попладне 15-минутен прекин на сообраќајот кај Пресека

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани, по суви коловози. На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани) поради изведување работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 13:00 и 15:00 часот.ohrid-kicevo-vrbjani

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На  граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај

Испрати коментар

Scroll To Top