Насловна / Вести / Полска ќе ја изгради првата европска мала нуклеарна електрана BWRX-300

Полска ќе ја изгради првата европска мала нуклеарна електрана BWRX-300

Првата мала модуларна нуклеарна електрана во Полска, односно SMR, ќе биде изградена во Włocławek, објави енергетската компанија Orlen. Станува збор за прв проект од ваков вид во Европа, односно за SMR од типот BWRX-300. Одлуката следела по потпишаната спогодба помеѓу Orlen и компанијата Synthos Green Energy. Orlen, најголемата полска енергетска компанија планира до 2035 година да има во функција најмалку два SMR со вкупен капацитет од 600MW. Според договорот, двете компании ќе формираат заедничко претпријатие под името Orlen Synthos Green Energy (OSGE), при што секоја ќе има удел од 50%.

Полска во 2023 година одобрила изградба на 24 SMR на вкупно 6 локации. Постоечката електрана во Wloclawek претставува уште еден клучен чекор во пошироката стратегија на земјата да се оддалечи од фосилните горива. Според извештајот на тинк тенкот Forum Energii, Полска во 2019 година согорела 87% од вкупниот јаглен потрошен во домаќинствата во ЕУ. Orlen го опишува BWRX-300 како технолошки најнапредниот SMR проект на светот.

Испрати коментар

Scroll To Top