Насловна / Арт и дизајн / Подвижен фрижидер за лојалните фанови на „Star Wars“

Подвижен фрижидер за лојалните фанови на „Star Wars“

Откако во Јапонија неодамна полета првиот Star Wars тематски авион, на пазарот се појави уште еден промотивен производ за Star Wars: The Force Awakens.podvizen frizider

Станува збор за подвижен фрижидер со далечински управувач кој изгледа како дроидот од филмскиот серијал, R2D2.

Пред неколку месеци сајтот Mashable ја најави продажбата на фрижидерот, а неодамна беше објавен и посебен трејлер за производот.

Фрижидерот е партнерски производ меѓу јапонскиот производител Aqua (огранок на Haier) и Disney, а доставата до купувачите ќе започне во декември.podvizen frizider (2)

Според извршниот директор на Haier Asia, ова не е концепт, туку вистински производ.

Фрижидерот веќе може да го нарачате со вртоглава цена од 8.300 долари, а првите испораки се очекуваат во декември оваа година.

Испрати коментар

Scroll To Top