Насловна / Арт и дизајн / Почнува „Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“

Почнува „Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“

Од 23 до 26 јуни во Кино Култура ќе се одржи манифестацијата „Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“. Skopje Pride Weekend 2016 се одржува по четврти пат во Скопје. Се работи за серија настани на кои се слави солидарноста, слободата, човековите правата и алтернативните културни практики:fb_banner-2 (1)

Четврток 23 јуни 19.30: Дебата АРГУМEНТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ : „Овој дом (не) верува дека во сегашнава општествена-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да добијат поголема видливост“ (во соработка со МОФ како организатори и развивачи на концептот за АРГУМЕНТ)

Петок 24 јуни 21.00: Перформанс на Борјана Роса (Бугарија/САД) – ВО ФОКУС: ВНАТРЕШНОСТА.

Сабота 24 јуни 13:00:  Предавање „14 години подоцна: Историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија“ – од Ана Мишковска Кајевска.

Сабота 24 јуни 21.00: Перформанс на Vaginal Davis – светски реномирана ѕвезда на перформансот, позната како terrorist drag, и една од основоположничките на хомокор панк движењето.

Недела 21.00: Целовечерна забава со The John и Новиот почеток (DJ сетови: Виолета Качакова, Хада Блам, Соња Исмаил).

Целта на серијата настани во рамки на „Викенд на гордоста Скопје 2016“ е да се креира и промовира поинаков светоглед, и да понуди радикална и многустрана критика на бинарниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија.

Носечката идеја на годинешниот „Викенд на гордоста“ е СОЛИДАРНОСТА. Целиме кон подобар, поинаков свет, во кој гордоста и слободата се слават, а се става крај на хомофобијата и насилството.

„Викенд на гордоста“ е во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет.

Партнери на овогодишниот Викенд се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива). Поддржано од Амбасадата на САД и Амбасадата на Франција.

SPW programa finalna

Испрати коментар

Scroll To Top