Насловна / Вести / Почнува седмото издание на „Скопје постер фестивал“

Почнува седмото издание на „Скопје постер фестивал“

plakat

Вечерва во Младинскиот културен центар, под мотото „Дизајн за мир“, ќе почне седмото издание на „Скопје постер фестивал“. Настанот ќе трае до 20 декември.
„Фестивалот за плакат опфаќа идејни решенија на графички дизајнери кои на исклучителен начин ја искористиле нивната креативност. Секоја година Фестивалот привлекува сe поголем интерес, а оваа година жирито ќе има сериозен предизвик да избере победници, бидејќи има вкупно 2.023 аплицирани постери“, рече Лазе Трпков, претседател на здружението на графички дизајнери „Плакарт“.
Во рамки на Фестивалот, casino online утре во МКЦ ќе се одржи и првата регионална дизајн конференција на тема „Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“.
Жирито го сочинуваат претседателот на Светската асоцијација на дизајнерски здруженија „Ицограда“ Ива Бабаја, иницијаторот на дизајн настани низ Турција Ајшеѓул Изер и македонскиот уметник и професор Костадин Танчев.

Испрати коментар

Scroll To Top