Насловна / Вести / Почнува деветтото издание на Скопје постер фестивал

Почнува деветтото издание на Скопје постер фестивал

Денеска (21 ноември) во Музеј на град Скопје, се отвора  Деветто издание на Скопје постер фестивал, во организација на Здружението на графички дизјанери „Плакарт“. Настанот ќе трае до 30 ноември.

Во првите три дена од фестивалот ќе се организираат и тематски работилници.Криза на идентитет двострано 2016 ск

Од „Плакарт“ најавуваат дека програмата на фестивалот ќе ги заинтересира студентите по графички дизајн, визуелни комуникации и сродни насоки, но ќе биде атрактивна и за професионалните дизајнери и за пошироката публика. Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) се членови на жирито кои ќе одржат свои презентации и работилници на теми: дизајнирање на џез плакат, дизајнирање на социјален постер, дизајнирање на постер за промоција на Македонија како туристичка дестинација.

Од Плакарт информираат дека млади надежи на графичкиот дизајн од целиот свет аплицирале на 9-от Меѓународен студентски конкурс за плакат.

Темата на овогодинешниот фестивал е „Криза на идентитетот“. Поттикот за избор на оваа тема, велат од организацијата, е потребата од реакција против етничката, културната, верската, возрасната и половата подвоеност, следствено врз идентитетските прашања е фрлено поинакво светло!

– Се поголем интерес за овој конкурс е видлив преку поголемиот број пристигнати плакати – 32 проценти повеќе од минатата година. Радува и фактот што се поголем број академии во рамки на своите академски програми го воведуваат и овој конкурс, соопштуваат од Плакарт.

Победниците ќе бидат објавени вечер на отворањето на 9-от Скопје постер фестивал, во Музеј на град Скопје, кога ќе бидат отворени и други поставки, како што се изложбата на специјална селекција на плакати од гореспоменатите постер-мајстори, плакати од победниците на минатогодишниот конкурс, како и плакатите изработени на работилници за овогодинешниот Скопје постер конкурс.

Испрати коментар

Scroll To Top