Насловна / Вести / Почнува 17. Симпозиум на ДГКМ 2017

Почнува 17. Симпозиум на ДГКМ 2017

Денес започнува 17-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2017) во Охрид, Македонија. Настанот ќе се одржи од 4 до 7 октомври, 2017 година.

Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на однесувањето на градежните конструкции при дејство на инцидентни влијанија и природни катастрофи, како: земјотреси, екстремно високи и ниски температури, пожари, ветер, експлозии, поплави, лавини, одрони, лизгање на тлото и слично.Untitled-1

Повикани предавања на наведените теми ќе одржат:

  • Mајкл Хавбро Фабер, Оддел за градежништво, Аалборг, Данска
  • Мирослав Настев, Комисија за геологија на Канада, Квебек, Канада
  • Kлаудио Бори, Оддел за градежништво и животна средина, Универзитет во Фиренца, Италија
  • Ху Кјанг, Машински факултет, Универзитет за природни науки и технологии, Нанјинг, Кина
  • Златко Марковиќ, Универзитет во Белград, Градежен факултет, Србија
  • Милош Кнежевиќ, Универзитет во Подгорица, Градежен факултет, Црна Гора
  • Мирјана Малешев, Универзитет во Нови Сад, Факултет за технички науки, Србија
  • Ѓорѓе Лаѓиновиќ, Универзитет во Нови Сад, Факултет за технички науки, Србија
  • Елена Думова Јованоска, УКИМ,  Градежен факултет, Скопје, Македонија
  • Михаил Гаревски, УКИМ, ИЗИИС, Скопје, Македонија

Покрај главната тема: Природни катастрофи и конструкции, ќе бидат застапени и други теми, како: Теориски и експериментални анализи на конструкции; Современи методи за проектирање на конструкции; Еврокодови и национални анекси; Современи техники за изведба на конструкции; Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој; Доверливост, робусност и трајност на конструкциите; Испитување, одржување, зајакнување и санација на конструкции; Инфраструктурни објекти, како и други теми поврзани со градежното конструкторство.

Над 100 труда од автори од 12 земји (Канада, Данска, Германија, Италија, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија), ќе бидат презентирани пред повеќе од 200 учесници.

Во рамките на Симпозиумот, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, се предвидува да се одржи тркалезна маса на тема „Законот за градење и потребите од негови измени и дополнувања“. Втората тркалезна маса, на тема „Имплементација на Регулативата за градежни производи – CPR 305-2011“ ќе биде организирана во соработка со CEN-Европскиот комитет за стандардизација.

Испрати коментар

Scroll To Top