Насловна / Вести / Почна изградбата на новата клиничка болница во Штип

Почна изградбата на новата клиничка болница во Штип

Новиот објект ќе биде на површина од  34 000 метри квадратни и неговата изградба ќе чини 30 милиони евра. Со опремата инвестицијата ќе изнесува 56 милиони евра.

Новата Клиничка болница во Штип ќе биде изградена по врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура.клиничка болница штип

Содржините на објектот ќе бидат на осум нивоа со 300 болнички кревети и ќе има систем на пневматска пошта кој ќе ги поврзува лабораторијата со дијагностика и оперативниот дел. Сегашниот објект датира од пред 80 години и времето го направило своето.

Во делот на стандардите кои оваа болница ќе ги достигне, објектот ќе има комплетно воспоставен BMS – Building Management Sistem кој ќе ги контролира електриката и машинството на објектот и е директно поврзан со системот за менаџирање на болничките соби. Односно, кога пациентот се прима во болницата се внесува во систем дека собата е зафатена, се активира климатизацијата во собата, при влез во собата автоматски се пали светлото, со што се придонесува кон ефикасно и одговорно користење на ресурсите.

Новата болница која според проценките ќе биде готова за две години, ќе овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200 000 жители од Штип и целиот источен регион.

 

Испрати коментар

Scroll To Top