Откриени се победниците и нивните дела од овогодинешниот конкурс на National Geographic во категоријата Travel Photographer of the Year. Како и секогаш, избраните фотографии се прекрасни, секоја на свој начин, а првата награда отиде во рацете на мексиканецот Серхио Тапиро Веласко. Неговата победничка фотографија најдобро ја опишува нејзиниот наслов The Power of Nature, на која можеме да видиме еден активен вулкан и молња, сето тоа снимено во тек на ноќ.
„Кога ја погледнав фотографијата снимена, единствено што можев да продолжам е да зјапам во неа”, изјави Веласко. „Она што го видов во суштина беше невозможно да се забележи, а фотографијата ги прикажува моќните сили на природата, додека молњата сето тоа уште повеќе го нагласи. Вакво нешто се случува еднаш во животот“, продолжува наградениот автор.
Инаку, на овогодинешниот конкурс на National Geographic биле пристигнати повеќе од 15.000 фотографии.
Првонаградениот добил десетдневно патување на островите Галапагос со експедиција на National Geographic, како и парична награда. Останатите победници добиле исто така, парични награди.

Hiromi Kano

Tetsuya Hashimoto

Kajan Madrasmail

Tarun Sinha

Norbert Fritz
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија