Насловна / Вести / Плаќање со селфи!

Плаќање со селфи!

MasterCard планира да воведе мобилно плаќање преку препознавање на лице, наречено „selfie-pay“ со кое ќе се подобри проверката на идентитетот при плаќање со мобилен телефон.

Пилот проектот од ваков вид на плаќање ќе биде воведен во Велика Британија откако ќе биде достапен во Америка и Холандија. Тамошните купувачи имаат можност преку скенирање на отпечатоците од прстот или фотографија од лицето на мобилниот телефон, односно селфи со кое би го потврдиле идентитетот, да плаќаат трансакции. mastercardselfie

Откако ќе заврши пилот фазата во овие три држави, MasterCard услугите ќе бидат понудени во уште 14 држави во текот на ова лето. Оваа компанија инвестира во развој на нови технологии кои би требало да ја подобрат верификацијата на идентитетот за време на плаќањето со мобилни телефони и останати преносни уреди.
Во нивниот следен проект станува збор за технологија со која трансакциите со картичките ќе го потврдуваат отчукувањето на срцето. Според зборовите на Аја Бале, претседателка за развој на безбедносни решенија, MasterCard ја тестира можноста за препознавање на гласот за да се елиминираат измамите за време на плаќање со картичките. Што се однесува на плаќањето со селфи, Бала вели дека корисниците го обожаваат.

Испрати коментар

Scroll To Top