Насловна / Вести / Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни

Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни

Регионалниот пат од Сопиште преку Водно до центар е комплетно завршен и се очекува да биде пуштен во употреба на крајот од првата половина на годинава, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на прашање на пратеник.пат водно

Во врска со рехабилитацијата на патните правци министерот рече дека во 2017 година таа е извршена на делниците Припор до Сопиште и Сопиште до Говрлево.

На делницата од Сопиште до Долно Соње не е извршена рехабилитација поради изградбата на водоводната мрежа, рече Сугарески и појасни дека по нејзиното завршување ЈП за државни патишта ќе предвиди средства за тој регионален пат.

– Во однос на изградбата на Сончев град проектот за изградбата на населбата е во надлежност на општината Сопиште – додаде министерот Сугарески.

Еден коментар

  1. ing. arh. Ljupco A.

    Nazalost ovoj pat bese ozbilen napad na park sumata Vodno. Bas ke vidime sto ke se sluci so soobrakajniot “napad i cunamito” od vozila na ul. Vodnjanska i Klinicki centar, za par godini koga ke se napravi naselbata Soncev grad i navalata od o. Sopiiste.

Испрати коментар

Scroll To Top